Балкан
4. October 2024 - 13:52

Поплави ширум Црна Гора

– Обилниот дожд што врне од вчера и во текот на ноќта предизвика поплави во повеќе градови во Црна Гора. Поради надојдената вода отсечени се и неколку села.

Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС) издаде црвен метеоаларм поради најавениот силен ветер и обилниот дожд. А се очекува ветерот да достигне и брзина од 90 километри на час.