Попладнево пороен дожд, грмежи и силен ветер - подгответе се!
Времето попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поизразени процеси со интензивен пороен дожд и силен ветер, особено во југоисточните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеолошки работи.
Пороен дожд и грмежи денеска се очекуваат и во Скопската котлина. Максималната температура ќе достигне до 34 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Од утре следува период на стабилно време. До петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 10 до 32 степени, а во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 29 степени.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам