Пописот го доби посакуваниот интензитет, ДЗС не очекува потешкотии до крајот
Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември.
Заклучно со завчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови.
Масовниот одѕив, како што кажа на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина.
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека одбивањата на попишување се незначителни и дека граѓаните не наседнуваат на негативната кампања.
– Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат. Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга, изјави Симовски.
Можноста за самопопишување на лица во странство, продолжува и заклучно со вчера до 11:30 часот ја искористиле – 192.827 лица.
Пописот 2021 е во 11 ден од предвидените 26 дена пописни активности и треба да заврши до 30 септември.
Ново на Сител
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати