Македонија
21. April 2017 - 8:33

Помош за семејствата од Шуто Оризари чии домови беа опожарени

Четирите семејства од Шуто Оризари чии што куќи неодамна беа опожарени денеска ќе добијат еднократна парична помош во висина од две просечни плати и хуманитарна помош.

Помошта ќе ја доделат министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со градоначалникот на Општина Шуто Оризари Елвис Бајрам во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Хуманитарната организација „Класот на добрината”.