Помалиот брат на Илон Маск продал акции на Тесла за над 25 милиони долари
Помалиот брат на Илон Маск, кој е и член на управниот одбор на Тесла, продал свои акции во компанијата за 25,6 милиони долари. Ова е утврдено во документи објавени на веб страницата на Американската компанија за акции и берзи (SEC).
Кимбал Маск (48) на 9 февруари продал 30.000 акции по цена од 8.52,12 долари. По зделката, братот на бизнисменот има 599.740 акции вредни околу 483 милиони долари. Информацијата доаѓа е во момент кога кинеските регулатори објавија документ во кој се сомневаат во безбедноста на автомобилите на компанијата.
Кимбал Маск не е единствениот кој продал акции од Тесла,. Претходно друг член на УО Антонио Грасиас продаде 150.747 акции, оставајќи за себе само 2.445. Акциите на Тесла паднаа за 5,3 отсто по информацијата за продажбата.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг