Полска сака да ја предводи групата за обнова на ЕУ
Полскиот министер за надворешни работи, Витолд Вашчиковски, денеска во Варшава изјави дека неговата влада има желба да ја предводи групата земји во рамки на ЕУ, чија цел ќе биде обнова на Унијата по британскиот референдум, пренесоа американските медиуми.
Вашчиковски денеска зборуваше по двете одделни средби со други свои колеги, првата во Прага, а втората во Варшава. Во чешката престолнина тој се сретна со првите дипломати на Чешка, Словачка, Унгарија, Германија и Франција. Неколку часа подоцна во Варшава се собраа и министрите за надворешни работи на девет земји членки на ЕУ од Централна и Источна Европа, а кон нив се приклучи и британскиот министер за европски прашања Дејвид Лидингтон.
Вашчиковски посочи дека полските напори се во спротивност со средбите по британскиот референдум, посветени на иднината, кои ги вклучуваа само западноевропски земји основачки на ЕУ.
Според него, полскиот премиер Беата Шидло може своите колеги од ЕУ, утре во Брисел, да ги запознае со идеите на Варшава, и притоа нив ги определи како „радикални“.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ