Македонија
20. December 2020 - 19:03

Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаницата „Запад“

Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.

Екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.

Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.