Македонија
9. August 2024 - 16:48

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Хеликоптерот „Бел 412“ од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот „Бел 412“, исфрлени се над 25 тони вода, информира МВР. 

- Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен, стои во соопштението од МВР.