Полициски час и денеска во државава
На целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19.
Одлуката за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните викендот и денеска, Владата ја донесе на 56-тата седница по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Граѓаните кои имаат миленичиња и денеска ќе можат да ги изнесуваат надвор од 8 до 08:30 часот, потоа попладне од 15 до 15:30 часот, како и навечер од 20 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита. Јавниот превоз во Скопје нема да функционира до утре во 5 часот.
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во државава се регистрирани нови 37 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројот на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.
Ново на Сител
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица
-
Преглед на вестите од светот
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба