-->
-->
Полицијата вчера во Скопје казни над 200 возачи - дури 81 од нив возеле побрзо од дозволеното
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд