Македонија
8. January 2022 - 12:09

Полицијата уапси повеќе лица кај кои била пронајдена марихуана

Вчера во 20,35 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.Д.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така вчера вечерта во 21,55 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21,30 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода М.К.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.01.2022 во 20,30 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Џ.Ј.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.