Македонија
25. February 2023 - 11:44

Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје

На 25.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Е.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
  
Вчера вечерта во 23.45 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.Ф.(43) од Скопје и М.С.(26) од Р.Турција затоа што кај Б.Ф. била пронајдена и одземена грутчеста материја, а кај М.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
  
Денес во 01.20 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Исто така утрово во 03.00 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода М.Д.(25) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.