Полицијата уапси лица во Скопје кои поседувале марихуана
Вчера во 23,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода Л.Ј.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 12,00 часот вчера, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16 годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.06.2020 во 11,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Бледски договор“, го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.06.2020 во 15,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Анри Барбис“, лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември