Полицијата приведе двајца осомничени разбојници кај Сарај
– Службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода Ј.Л. (23) од село Крушопек и Ш.И. (31) од Скопје, кои се осомничени дека во 15.30 часот во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените, одзеле пари и производи.
– При обидот за бегство со патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот „Сарај“ успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство, информира МВР.
Малку подоцна, во близина на село Кондово осомничените биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.
– Тие се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале. Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква