Полицијата откри точење алкохол на малолетници во угостителски објекти во Струмица
По извршените контроли во угостителски објекти во Струмица во јуни и изминатите денови од јули полицијата открила точење алкохол на малолетници, присуство на малолетници по полноќ и пуштање гласна музика, соопштија денеска од СВР Струмица.
При контрола во осум угостителските објекти полицијата изрекла исто толку прекршоци за пуштање гласна музика.
Во шест угостителски објекти биле затекнати малолетници по полноќ, а во три објекти е затекнато точење алкохол на малолетници.
Во задничко делување со други надлежни инспекциски служби откриени се незидавање на фискални сметки и неводење книга за дневни финансиски извештаи.
Од полицијата апелираат до угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по полноќ, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла