Полицијата казни 194 возачи во текот на вчерашниот ден во Скопје, најмногу од нив за пребрзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
.На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила.
Изречени се 71 санкција за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците