-->
-->
Полиција уапси шест борци на ИД, подготвувале терористички напад
-->
Шестмина борци на Исламската држава, кои подготвувале спектакуларен напад, се приведени во операција во Истанбул.
Тимови на истанбулската полиција за борба против тероризмот презеле дејствија врз основа на добиени информации дека шесточлената клетка на ИД подготвува терористички акт по наредба на раководството на групата.
Полицијата презеде акција за приведување на шестмината осомничени. Во текот на претресите извршени од полицијата на различни адреси, запленети се голем број документи на организацијата и дигитални материјали.
Над 100 осомничени членови на Исламска држава, вчера беа приведени при операции на турската полиција во неколку градови на земјата, вклучувајќи го и Истанбул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години