Полицајците од Кавадарци донираа за поплавените
Полицајци од Полициската станица од општа надлежност од Кавадарци, денеска донираа хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Скопско и Тетовско. Својата донација, тие ја донесоа во пунктот на кавадаречкиот Црвен крст.
- Покрај граѓаните, неколку поголеми маркети и дисконти од градот, во хуманитарната акција за помош на поплавените семејства се вклучија и припадниците на МВР од нашиот град. Се работи за поголема количина на вода и средства за хигиена и други материјали, кои ке бидат наменти за поплавените во големата катастрофа која погоди два региона во Македонија, рече Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст и инспектор за превенција при кавадаречката полициска станица, во изјава за медиумите.
Тој додаде дека покрај со донирање на хуманитарна помош, полицајците се вклучиле и во донација со парични средства преку мобилните оператори во земјава.
- Конкретната помош во вакви моменти е најпотребна и нашите полицајци на дело покажуваат како треба конкретно да се реагира кога некој наш граѓанин е загрозен. Помошта е симболична, но во вакви моменти значи многу, нагласи Каракулев.
Денеска од Кавадарци за настраданите од поплавите замина камион со хуманитарна помош од околу седум тони. Помошта се состои од конзервирана храна, средства за хигиена и вода за пиење
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза