Полицајци задолжиле автоматска пушка и рафално пукале со нејзе
Кривична пријава против три лица за „предизвикување на општа опасност“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
Ново на Сител
-
Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
-
15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник
-
Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
-
Приведени двајца велешани, краделе во подрум во Струмица и го нападнале сопственикот
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид
-
ЈО: Загинатиот мотоциклист во Чаир немал дозвола и заштитна кацига и возел брзо
-
21-годишен штипјанец со тврд предмет нападнал полицајка во Скопје
-
16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет