Полека клопчето се одмотува: Приведена келнерка поради убиството на Јелена
Полицијата пред неколку дена привела на информативен разговор девојка од Белград која на некој начин е поврзана со убситвото на Јелена Марјановиќ (33) од Борча, дознава српски Ало.
Од неа е земен примерок од ДНК, кој е испратен на вештачење за да се воспостави дали се поклопува со оној кој е пронајден на местото на злосторството на облеката на Јелена.
- Девојка која работела во еден кафе бар во Белград приведена е на информативен разговор. Таа ги демантирала шпекулациите дека имам некаква поврзаност со убиството на Јелена Марјановиќ. Меѓутоа, од неа е земен ДНК примерок, кој е испратен на вештачење. Таа објаснила дека Јелена не јa познавала добро. туку само од видување, како гостин во локалот. Сопственикот на кафе барот бил близок пријател на Јелена, објаснува соговорникот на српски Курир.
Келнерката по информативниот разговор во полицијата е пуштена на слобода.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа