Џет-Сет
19. January 2017 - 19:45

Погребан Мики Јевремовиќ: Тага, солзи и последно збогум со легендарната песна

Легендата на забавната музика Мики Јевремовиќ (76) е погребан денеска во Алеата на заслужните граѓаните на Новите гробишта во Белград.

На вечното почивалиште го испратија семејството, пријателите и колегите.

Foto: Dragana Udovičić

Ќерката Јелена најтешко ги поднесе овие моменти.

На погребот присустуваше и Ивица Дачиќ.

Мики на вечното почивалиште е испратен со звуците на тамбурашите.

Неговите најблиски ја избраа песната со која обично ги затвораше концертите, култната „А сад адио“.

 

Пред погребот беше одржана комеморација во Домот на синдикатите, каде пријателите со многу трогателни зборови се простија од него.

 

Јелена Јевремовиќ, ќерката на покојниот пејач, не можеше да ги запре солзите, а како што рече, нема сили да одржи говор зошто се плашела дека ќе и се слоши.

Foto: Zorana Jevtić

Тоа му се случи на Ѓорѓе Марјановиќ, голем пријател на Мики. Нему на почетокот на комеморацијата му се слпши, но присутните брзо реагираа и му помогнаа.

Foto: Zorana Jevtić