-->
-->
Поевтинуваат бензините од половина до еден денар
-->
– Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра
лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.
Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.
Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена