Македонија
25. September 2017 - 9:31

Поетесата Мијаковска ќе учествува на поетски фестивал во Саранда

Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија, кој го организира Јонскиот креативен клуб и ќе се одржува од 29 септември до 1 октомври.

На десеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат осумдесетина учесници од целиот свет. Ќе биде промовирана и антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која учесниците се застапени со творби преведени на албански јазик. 

Мијаковска во оваа антологија е застапена со три творби од стихозбирката „Постела на тишината“, за која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2015 година.