-->
-->
Поетесата Мијаковска ќе учествува на поетски фестивал во Саранда
-->
Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија, кој го организира Јонскиот креативен клуб и ќе се одржува од 29 септември до 1 октомври.
На десеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат осумдесетина учесници од целиот свет. Ќе биде промовирана и антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која учесниците се застапени со творби преведени на албански јазик.
Мијаковска во оваа антологија е застапена со три творби од стихозбирката „Постела на тишината“, за која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз