Подземни контејнери во Реонски центар „Аеродром“
Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи денеска извршија увид во функционирањето на подземните контејнери во Реонски центар „Аеродром“.
Трајановски информира дека досега на 42 локации се инсталирани подземни контејнери во Град Скопје. За 2017 година се планирани уште 12 локации или во 4 општини по три локации.
- Во општина Аеродром минатата година направивме три подземни контејнери, а претходно имаше уште шест или вкупно девет. Подземните контејнери Град Скопје ги прави заедно со општината во која се инсталираат и со ЈП „Комунална хигиена“ при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, рече Трајановски.
Подземните контејнери како проект на Град Скопје и на скопските општини, како што рече, се покажаа како добро решение за одложување на комуналниот отпад.
- Имаат подобар изглед, отпадот се одложува под земја, направен е добар систем на празнење и поради тоа ќе продолжиме и понатаму во сите општини да инсталираме подземни контејнери, рече Трајановски. Апелираше граѓани да ги чуваат и правилно да ги користат овие контејнери.
Градоначалникот Коневски истакна дека целата инвестиција е околу 6,6 милиони денари од кои една третина обезбедила општината.
- Овој проект директно влијае во подобрување на животната средина во нашата општина. Сигурен сум дека за неколку години нашата општина целосно ќе биде покриена со ваков тип на контејнери во интерес на жителите и на животната средина, рече Коневски.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи појасни дека една од придобивките од овие контејнери е тоа што отпадот е под земја и исклучена е можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.
Додаде дека лани биле инсталирани подземни контејнери во општините Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир по три локации.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО