Поднесена кривична пријава за градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднел кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „бесправно градење“ по член 244 - а од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 02.03.2021 година до 23.09.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година.
- Имено, со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината. На тој начин пријавениот Б.Ш. нанел штета на буџетот на општината и ги сторил кривичните дела, се појаснува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи