Подгответе се за утре, еве какво невреме не очекува
Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, како и на југоисток каде локално се очекува да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
До петок нашето подрачје се уште ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои ќе предизвикаат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во петок и тоа особено во западните и источните делови од земјата.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ