Македонија
4. October 2024 - 13:11

Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња

Светскиот ден на животните, dm го одбележи со значаен чекор кон подобрување на животот на нашите крзнени пријатели. Оваа година, тие донираа 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња, оставајќи зад себе не само бројки, туку и несебична љубов и надеж.

4 октомври за dm не е само обичен ден! Денес, тие ги посетија:  Здружението за заштита на животни и животна средина „Шепасти ентузијасти‘‘, Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘ и Здружението - граѓанска иницијатива за заштита на животните ,,Кане Корзо Надеж‘‘, места каде што живеат многу кучиња кои нетрпеливо чекаат на своите нови домови.

„Влегувајќи во овие прифатилишта, нашите срца се наполнија со емоции. Секое куче, со својата уникатна приказна, ни раскажа за борбата за опстанок и желбата за љубов. Нивните очи, полни со надеж, нѐ потсетија на важноста на нашата мисија, а тоа е да покажеме дека секое куче заслужува љубов и грижа. Среќни сме што имаме шанса на четвороножните пријатели кои немаат дом да им го разубавиме секојдневието, но и да обрнеме внимание на потребата за вдомување на напуштените животни. Голем мотив за вдомување на овие слатки суштества ќе пронајдете во нивната реакција веднаш штом ќе ги посетите!“ – Изјавува Кристина Дуранска – маркетинг менаџер во dm.

Оваа донација значи многу повеќе од само храна. Тоа е надеж за подобар ден, за нова шанса во животот. Кога овие крзнени пријатели ќе добијат храна, тие не само што ќе ги наполнат своите стомачиња, туку и ќе почувствуваат дека не се сами. Нивната борба не е невидлива, и токму затоа dm drogerie markt е тука, од година во година, да им помогне. Па така, минатата година донираа храна и средства за чистење кон 3 скопски прифатилишта за кучиња, а оваа година повторно инспирираа со уште една донација.  

Да се грижиме за животните, да им дадеме љубов и да им обезбедиме подобар живот – порачуваат од компанијата, затоа што само заедно можеме да го направиме светот подобро место за сите нас! 

Комерцијален текст