Почнува учебната година за основците и средношколците
За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска почнува новата учебна година.
Според претходните најави од Министерството за образование и наука (МОН) се очекува учебната 2018/2019 година да почне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение. За првачињата се предлага намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежбање на часовите наместо домашни задачи и редуцирање на тестовите.
МОН за новата учебна година ќе достави 22 коригирани учебника низ училиштата. Првпат од оваа учебна година сите учебници што МОН ги обезбедува бесплатно за учениците ќе можат да се најдат во слободна продажба со истата цена по која ги откупува Министерството.
МОН најави и дека сите ученици од прво, второ и трето одделение ќе имаат нови комплети учебници секоја учебна година.
Новата учебна година почнува и со повисоки плати за вработените во основното и во средното образование. Зголемувањето изнесува пет отсто, а ќе почнат да го добиваат со исплатата на септемвриската плата.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар