Почнува трансформацијата на ординациите од општа во семејна медицина
Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина, соопшти Министерството за здравство.
Со ова, наведуваат во соопштението, се финализираше процедурата почната во февруари годинава, презентирана од министерот за здравство Венко Филипче на првиот Национален форум за здравство.
– Специјалистите по семејна медицина ќе може да нудат поголем број услуги од матичен лекар. Ова е само еден дел од унапредувањето на квалитетот на услугите во примарната здравствена заштита. На овој начин граѓаните ќе можат здравствената заштита да ја добијат поблиску до местото на живеење, информираше министерот Филипче.
Како што посочуваат од Министерството, оваа мерка е поздравена и од Здружението на лекари по општа и семејна медицина, бидејќи на овој начин примарната здравствена заштита во која работи специјализиран кадар може да придонесе за значителни здравствени заштеди.
– Со навремено дијагностицирање и соодветен менаџмент на одредени состојби ќе дојде до растоварување на секундарното и терциерното ниво во здравствениот сектор. На овој начин ќе се создадат услови клиничките специјалности да се посветат на покомплексни и потешки здравствени состојби, за поголема мотивираност на лекарите кои ќе бидат посветени на својата специјалност, а на овој начин ќе се намали и одливот, како на постојниот кадар, така и на младите лекари, стои во соопштението.
Претседателката на Здружението на лекари по општа и семејна медицина Катерина Ковачевиќ посочи дека специјализацијата и доедукацијата по семејна медицина како процеси се почнати во 2010 година.
– Во просек 30 лекари годишно се стекнуваат со звање специјалисти по семејна медицина. Со овие измени се оди чекор напред. Со препознавање на компетенциите, се имплементира специјализацијата по семејна медицина, согласно глобалната политика за постигнување стандарди за квалитет. Се препознаваат и признаваат знаењето и вештините на специјалистите по семејна медицина, а со оваа одлука очекуваме да се зголеми интересот за специјализацијата и доедукација, изјави Ковачевиќ.
Ново на Сител
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот