Македонија
26. January 2018 - 8:59

Почнува судењето на напаѓачите на Зијадин Села

Во Основниот суд Скопје, на обвинителна клупа денеска ќе седнат осомничените за нападот на Зијадин Села во Собранието.

Се работи за 10 лица осомничени дека го нападнаа лидерот на Алијансата за Албанците.

Села нема да присуствува на првото рочиште, туку ќе го застапува адвокат.