Почнува шестото издание на фестивалот ДримОн
Под мотото „Култура сега!“ од денеска до 29 јули во Струга ќе се одржи шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОН во организација на Иницијатива за независен културен активизам ИНКА.
Со ова мото, како што информираат организаторите, сакаат да упатат порака да не се запоставува културата и оти мора веднаш да се дејстува за нејзино издигнување од пепелта.
- ДримОН апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите, соопшти организаторот.
Петдневната програма на годинашното издание е богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. На петте фестивалски денови предвидени се детски арт работилници, промоција на книгата „Ехо на слободата“ на Ана Јовковска, ликовни изложби на Антони Мазневски и Никола Радуловиќ, откривање музејски тајни во соработка со музејот „Доткор Никола Незлобински“... театар во сенки ќе ја изведе детската претстава „Малиот принц“....
Фестивалот ДримОн е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, во копродукција со центарот за култура „Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, преку годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија, за проектот „Заедничка платформа за култура – култура до сите“.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“