Почнува Саемот за мебел 2016
Од денеска до 27 март на Скопскиот саем ќе се одржи 42-то издание на меѓународниот саем на мебел на кое ќе се претстават 180 директни и 400 индиректни изложувачи од Македонија, Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
На саемот на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел ќе бидат изложени 10.000 парчиња мебел.
Ова, како што најавуваат од Скопски саем, ќе биде најголемиот саем на мебел досега што ќе се одржи во рекордни 11 саемски хали.
На саемот повторно ќе биде присутен и Кластерот на дрвна индустрија од Косово со три производители на мебел, а ќе има и компании од Србија, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина. Секоја од компаниите ќе одржува свои промоции и презентации и ќе има и големи попусти.
Саемот за посетителите ќе работи секој ден до недела во периодот од 10 до 20 часот.
Влезот за саемската манифестација ќе чини 100 денари, а организаторите очекуваат оваа година да биде надмината вообичаената бројка од 50.000 посетители.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период