Почнува проектот за обука на адвокатите за новиот ЗКП
Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), започнува со имплементација на едногодишен проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.
- Бранителите играат клучна улога во воспоставувањето на современ и одговорен систем на кривична правда. Една од најважните реформи на правосудниот систем во Македонија беше имплементацијата на адверсијалниот систем, унапредување на владеење на правото и на почитување на човековите права. Токму затоа, целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, велат од АКРМ.
Постигнувањето на оваа цел, како што посочуваат, ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и лоцирање на области кои се сметаат за слабост на овие нови закони.
Во рамки на проектот ќе бидат реализирани повеќе обуки и тркалезни маси со посебен акцент на учење на практичните вештини кои ќе се спроведуваат од домашни и странски експерти.
Првата обука, која се однесува на Законот за кривична постапка (ЗКП), како што информираат од Адвокатската комора, ќе се одржи денеска во Скопје.
На настанот треба да се обратат Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на РМ и Ајрин Ф. Мар, в.д. правен советник, Биро на Стејт Департментот за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (ИНЛ), Амбасада на САД во Скопје.
Ново на Сител
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија.
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски
-
Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје