Македонија
31. March 2017 - 17:33

Почнува ли реализацијата на елементите од Тиранската платформа ?

Попладнево се случи инцидент во Куманово, кога поголема група млади Албанци одлучи да го симне македонското државно знаме од плоштадот во Куманово.

zname-4

На местото на македонското знаме, групата го качила знамето на соседна Република Албанија.

Мотивите за ваквиот нивен потег засега се непознати. Групата била забележана од двајца полициски службеници кои се обиделе да интервенираат, но биле нападнати.

zname-2

Со полициска интервенција приведени се две лица во СВР Куманово, а албанското знаме е симнато.

zname-1

За инцидентот е информиран надлежен Јавен Обвинител и во дополнителниот разговор ќе се откриваат мотивите на сторителите.

zname

Во Тиранската платформа се бара отварање дебата за државните симболи. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази подготвеност да разговара.

Дополнително, јавноста многу пати изминатиов период беше запознаена сврдите позиции и антимакедонски ставови на неговиот партнер Зијадин Села.

Со неговите контроверзни ставови се сретнавме уште во 2013 година, кога на локалните избори настапи со слоганот „Гласајте масовно за да го бетонираме фактот дека Струга е албанска“. Истите ставови тој ги потврди и во 2015 година, на 18 мај, на гостувањето во емисија на националната албанска телевизија. На забелешката на новинарот Енкел Дема дека никогаш не се фотографирал со македонското знаме, Села потврдува и образложува дека никогаш не се фотографирал покрај македоснкото знаме и никогаш не станал на нашата химна.

Вистина е. Јавно имам кажано. Има една причина, не сум се сликал никогаш исто како што никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, споменав и во еден момент на почетокот на емисијата, не знам дали забележавте, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната – одговара Села.