Почнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот.
Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање на времето ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.
Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.
Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
Ново на Сител
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило