Почнува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп
Наскоро ќе започне изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Првата фаза од Фариш до Дреновска Клисура во должина од 10 километри ќе ја гради шпанската компанија „Констракшн Рубауко“, со која е потпишан договор.
Договорот е вреден 31,8 милиони евра. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши изградбата на оваа делница.
Според проектот, патот ќе биде со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3,5 метри и 2, 5 метри.
Изградбата на овој пат од Градско до Прилеп ќе се изведува во три фази. Втората фаза ќе се гради од Градско преку Росоман до клучката Кавадарци во должина од 16 километри. Третата фаза се планира да започне од месноста Тројанци па се до влезот на Прилеп во должина од 7, 5 километри.
Потпишан е и договор за реконструкција на регионалниот пат Кочани–Делчево, во должина од 30 километри. Инвестицијата за целосна рехабилитација на оваа делница изнесува 6 милиони евра.
Изведувач на овој проект е домашната компанија Гранит.
Оваа година покрај овие два патни правци за кои веќе се склучи договор ќе се започне со изградба на уште четити нови експресни патишта: Штип–Кочани, Штип–Радовиш, Охрид–Пештани, Ранковце–Крива Паланка со вкупна должина од 104.5 километри и инвестиција со проценета вредност од околу 247 милониевра, како и реконструкција на уште пет регионални патишта.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон