Пoчнува четвртата фаза на прскање против комарци
Град Скопје соопшти дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31 јули (авионско) и на 4 август (терестрично).
Имено, авионската дезинсекција ќе се одвива на 31 јули (среда) и на 1 август (четврток), во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција ќе почне на 4 август (недела) и ќе заврши најдоцна до 7 август (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, посочуваат од Град Скопје и ги информираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости