Почнува 34. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“
Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ што годинава се одржува по 34 пат денеска официјално ќе биде отворен.
Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања, кој е организатор на манифестацијата, информира дека на отворањето е предвидено фолклорно дефиле и настап на сите учесници на фестивалот. Истата вечер ќе биде организирана и Македонска национална вечер на која домаќините ќе го презентираат најубавото од македонската кујна.
Уметничкиот раководител на ансамблот „Китка“, Стојко Митковски вели дека годинава се очекува присуство на 18 културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Словачка, Словенија, Израел, САД, Албанија, Србија, Турција, Украина, Косово и Македонија.
– Во рамки на програмата предвидено е отворање изложба за нашиот фолклорен ансамбл, потоа традиционално рачно зажнејување ориз, како и посета и запознавање на гостите со културно-историските знаменитости на Виничко, истакнува Митковски.
По настапот во Истибања, учесниците на фестивалот ќе се претстават и пред публиката во Виница и Македонска Каменица, а до 19 септември, до кога ќе трае манифестацијата, планирано е и одржување национални вечери на секоја од земјите учеснички.
Покровител на фестивалот е општина Виница, а финансиската поддршка е обезбедена од стопанските субјекти од регионот.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“