Почнува 30. Поетска ноќ во Велестово
На локации во Велестово и Охрид денеска и утре ќе се одржува 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма и посветена на најновата македонска поезија.
Манифестацијата ќе почне вечер во 21 часот пред чешмата во Велестово, каде што ќе настапат шест поети: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова. Ѓоко Здравески и Исток Улчар. Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години - Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот.
Во кафе-бар „Шила“ во Охрид утре ќе се одржи поетскиот настан „Имам нешто да ти кажам“, а во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ утревечер од 20 часот во куќата „Уранија“ ќе биде претставен романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година.
По повод јубилејот ќе биде објавена книгата „Гласови на новиот век – панорама на поновата македонска поезија“ и јубилејното гласило на манифестацијата, а во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец.
Од годинашната програма изостанало планираното гостување на пет хрватски поети и издавање книга посветена на современата хрватска поезија бидејќи, како што наведува организаторот, манифестацијата оваа година не добила поддршка од Министерството за култура.
Од таа причина нема да се одржи ниту ноќта посветена на македонската хаику поезија, гостување на организатори на сродни манифестации од Европа и настап на претходни учесници.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?