Македонија
5. February 2016 - 8:16

Почнува 16. „Зимски Салон“

Во Чифте амам денеска ќе биде отворена 16. меѓународна ликовна манифестација „Зимски Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Со годинашниот „Зимски салон“ почнува прославата на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ. Прикажани ќе бидат 45 дела од домашни творци и селекција од гости-автори од повеќе европски земји.

Куратор е Хелена Фенцлова од Република Чешка која, инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејствија, како тема за изложбата ја одбра  „Нивоа на нашата свест“. 

„Зимски Салон“ , основан во 1991 година, е единствена манифестација од овој вид во Македонија.