Почнаа активностите за одбележување на Денот на албанската азбука
Денот на албанската азбука 22 Ноември со кој годинава се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана, ќе биде одбележан со повеќе активности под покровителство на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Хазби Лика, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.
Државниот секретар во Министерството за култура и координатор на активностите Валмир Азири за МИА соопшти дека утре, 21 ноември, во Битола ќе се одржи научна трибина со учесници - истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија.
Азири изјави дека активностите за Денот на албанската азбука почнале на 14 ноември кога група уметници заминале во Битола за да реализираат уметничка колонија на која ќе бидат насликани портрети на 11 делегати на Битолскиот конгрес.
На 22 ноември ќе биде посетен Музејот на азбуката во Битола, а целиот настан ќе заврши со свечен концерт кој по овој повод се организира секоја година. Предвидено е да присуствуваат истакнати личности Албанци, членови во Владата, како и претставници од меѓународната заедница. Азири рече и дека на 22 ноември во Владата на Република Македонија ќе им се оддаде почит на доајените на образованието на албанскиот јазик.
На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување