Македонија
2. September 2024 - 16:33

Почна учебната година – 245 илјади основци и средношколци се вратија на училиште

Училишното ѕвонче звонеше за 245 илјади основци и средношколци кои денеска повторно се враќаат во училишните клупи.  И околу 18 илјади првачиња денеска за прв пат влегоа во училиште. Возбудени  и со големи очекувања од новата средина. Едни сакаат математика, други многу сакаат песнички и да научат пишуваат и бројат.

Вреди да се учи,оти со знаењето станувате секогаш потолерантни, подобри луѓе им порача и претседателката  Гордана Силјановска Давкова, на малите првачиња во ОУ Јан Амос Коменски, каде и самата била ученик.

Првачињата во ОУ„Стив Наумов“ ги поздравија премиерот Мицкоски и ресорната минисерка Јаневска која посака успешен старт на учебната година. Потврди дека  поради намалувањето на бројот на ученици се размислува и реорганизација на училиштата, но и се бара начин како да се воведе едносменска настава во сите училиште.

Учебната година во скопското училиште „Коле Неделковски“ започна со нов дограден дел на училиштето каде настава ќе следат првачињата. Градоначалникот Герасимовски на отворањето порача дека учениците добиваат нови училници направени по сите светски стандарди за модерно образование.

Годинава учениците ја почнуваат учебната година со учебници за сите одделенија, освен за странските јазици. И средношколците добиваат учебници за 15 предмети. Ќе изостане и пролетниот распуст, а учебната година ќе заврши на 10 јуни.