Loading Video...
Балкан
29. January 2024 - 16:36

Почна судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, тврдат дека не се виновни

Во Вишиот суд во Белград поќна  судењето на  Родителите на момчето убиец кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година., кое спрските медиуми го прогласија за судење на векот.  Обивнеттите негирале вина пренесуваат спрските медиуми. Таткото на Коста, Владимир кој е во притвор, со лисици  на рацето беше донесен во судот додека мајката Милјана  се брани од слобода. Милјаана  се расплакала   кога го видела сопругот а за време на пузата судијата довозил да се прегрнат. Иако рочиштето почна отворено за јавноста, по барање на обвинителот продолжи зад затворени врати и со исклучена јавност. Така ќе бдие до кјраот на процесот.  Одбраната смета дека судот донел избрзана одлука

Владимир Кецмановик се товари за тешко кривично дело против безбедноста, бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје, го водел на стрелиште, кое не е соодветно за возраста на момчето и бидејќи не го чувал оружјето на безбеден начин како што е предвидено со закон. Мајката се товари за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Нејзината ДНК беше најдена на еден од испуканите  куршуми Некои од родителите на убиенте деца седнаа зад Владимир   во судницата но не му се обратиле , ниту пак дофрлале .

Покрај родителите на Коста, обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб во кој момчето учело да пука и инструкторот во тој клуб . 

Вишото јавно обивнителство во Белград бара судот да го осуди Владимир К. на затворска казна од 12 години, мајката Миљана   на затворска казна од две и пол години, додека за сопстфвеникот на стрелачкиот клуб  и за инструкторот   казна затвор   од по три години. За сведок во постапката е предложен и Коста Кецмановик кој откако го изврши масакрот    е сместен  во детска психијатриска болница  во Белград.  Коста  кога влегол во училиштето и го извршил страшното дело имал само 13 години и поради тоа не е моќно да одговора кривично. Законите на Србија предвидуваат дека за тоа мора да има четиринаесет години. 

Зa утре е закажано ново рочиште.