Почна средбата Заев – Гаши за влез на Алтернатива во Владата
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците во Скопје имаат нова средба за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.
Пред почетокот на средбата Заев и Гаши не дадоа изјави за медиум. Гаши рече само дека продолжуваат со преговорите.
Од Владата утрово соопштија дека средбата ќе биде во ист формат како и претходниот пат и дека и овој пат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираат преку соопштение.
Претходно премиерот Заев и Гаши имаа средба во понеделникот, кога, според соопштението испратено од владината прес-служба по нејзиното завршување, начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.
На средбата што беше одржана во понеделникот, премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали.
Ова беше нивна втора средба, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.
Централното претседателство на Алтернатива минатиот петок го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа истиот ден, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но, му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“