Почна санирањето на опожарената зграда во Гевгелија
По неполни пет месеци од пожарот што ја зафати станбената зграда во Гевгелија во која изгореа сите шест стана во поткровјето, а уште толку на петтиот кат беа делумно оштетени, деновиве почна нејзината санација со изградба на покрив.
Санацијата се изведува со донираните 400.000 денари од Советот на Општината, како и со дополнителни финансиски средства што ги донираа фирми и поединци од Гевгелија.
Почетокот на изведбените работи од фирмата „Металомонт“ од Струмица беше повод станарите денеска да упатат писмо со благодарност до градоначалникот Сашо Поцков.
– Вистина е дека се работи за станови во приватна сопственост, но во зградата главно живеат пензионери со ниски примања. Не би сакала да замислам што ќе се случеше доколку ги немаше донираните средства од Општината и дополнително донираните средства од правни и приватни лица, се вели во писмото на благодарност од станарите до Општината.
Покрај донираните средства за санација на зградата, Општина Гевгелија веднаш по пожарот на станарите им додели еднократна парична помош, им обезбеди привремено сместување на оние што го немаа и ја организираше акцијата за расчистување на опожарената зграда.
Ново на Сител
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија