Македонија
27. January 2017 - 14:24

Почна реновирањето на просториите на СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска присуствуваше на почетокот на реновирањето на просториите на управните служби во СВР Тетово.

Реновирањето според планот треба да заврши до крајот на април со што ќе се овозможат подобри услови за работа на вработените и за граѓаните кои ги користат услугите на управните служби на МВР во Тетово.