Почна пописот, се попишуваат иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa вчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април. Ставовите на власта и опозицијата остануваат непроменети – едните тврдат дека државата го организира пописот по сите меѓународни стандарди, дека е неопходен за земјата и е во интерес на сите граѓани, а другите оти тој не е по статистичките стандарди, заради што, како што велат, постои можност за злоупотреба. Дополнителен проблем за опозицијата е што тој треба да се спроведе во услови на пандемија.
Засега проценката на надлежните институции е подготовките и почетокот на попиот се одвива во најдобар ред по правилата и протоколите пропишани од надлежните институции. Од вчера во наредните две недели, ќе бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во казнено поправни и воспитно поправни установи на територија на Република Македонија. Пописот ќе се одвива во неколку фази и ќе бидат ангажирани четири овластени попишувачи во текот на овој процес.
Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера упати порака до граѓаните дека ова е многу важна операција и ги повика активно да придонесат за развојот на сопствената држава.
Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ смета дека попис треба да има, но според него, дилемата е дали оваа година треба да се спроведе, посочувајќи дека многу земји од регионот ја послушале препораката од Обединетите Нации и го одложиле за следната година.
Тој вели дека методологијата со која што ќе се попишува населението не е по највисоки стандарди, укажувајќи дека тие понудиле електронски попис со кои ќе се елиминираат сите недостатоци на Законот за попис, но и на методологијата.
-Самата методологија дозволува да се злоупотребува тој чин на попишување на резидентно населени со тоа што практично некој ако е во посет на вашата лична карта ќе може да ве попише како да сте тука, како да сте резидентно население а вие фактички де факто може и да не сте тука, да сте го оставиле тој документ. Така да има една низа на недоследности на самата методологија кој што нас цело време не упатуваат на тоа дека се работи за операција која има за цел да реализира некои политички желби, рече Муцунски.
Демократскиот сојуз ги повика Македонците кои живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста која им се нуди со Законот за попис и масовно да се попишат преку онлајн апликацијата, во периодот од 1 март до 31 март оваа година. Попишувањето на Македонците кои живеат на сите континенти, велат од ДС, е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани. Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот кој се заговара од некои политички партии во Македонија, може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава.
На синоќешна седница на централното претседателство на Алијансата за Албанците што се одржа во Тетово, партискиот претседател Зијадин Села побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората кои според нивни информации не успеале да се регистрираат за пописот. Според него на првиот ден нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја направат постапката преку интернет. – Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем алгоритам од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден, рече Села.
Од денеска во функција е и регистарот за дијаспората, отворен на веб страницата на Државниот завод за статистика, а како што рече директорот Симовски, добиле информации оти нашите сограѓани од странство максимално ја користат оваа апликација за самопопишување.
МНР ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/
Тука спаѓаат и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Самопопишувањето ќе се одвива преку веб – апликација, која е лесно достапна и едноставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана.
Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања.
Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот ќе бидат можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за услугите што им се потребни на иселениците, но и ќе можат да се видат причините зошто иселениците заминале од државата.
Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страниците: www.stat.gov.
Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година. На веб-страната на МНР се објавени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021.
Во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попиани лицата бездомници.
Вчера почнаа обуките за обучувачите кои ќе го вршат попишувањето на терен, а за кои веќе беа објавени огласи. Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму собира потписи од граѓаните и опстојува на ставот дека пописот треба да биде одложен најнапред поради пандемијата со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска