Почна полицискиот час на територија на целата држава
– Во 20 часот вечерва почна полицискиот час на територија на целата држава, а ќе трае до 05 часот изутрина. Во текот на овој временски период, движењето ќе биде ограничено.
Полицискиот час ќе трае две недели, поточно до 20 април. Одлуката вчера ја донесе Владата, со цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем од коронавирусот, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.
Сите оние граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња – куче да може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
На граѓаните кои извршиле имунизација во центрите за вакцина во непосреден период пред полицискиот час ќе им се дозволи враќање во своите живеалишта врз основа на потврда за вакцинација.
Целта на оваа мерка, според надлежните, е да се заштити здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа