Македонија
4. August 2022 - 9:26

Почна изградба на парк за миленици во Куманово

Почна изградбата на парк за миленици во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Паркот се гради во близина на спортската сала во Куманово. Општина Куманово за изградба на паркот за миленици одвои 898.032.60 денари со вклучен данок на додадена вредност. На јавната аукција избрана е кумановската компанија „Арс дизајн ДООЕЛ“.

И во стариот градски парк чија реконструкција ќе продолжи веднаш по завршувањето на тендерот за избор на компанија кој го објави општината која предвиде дополнителни средства за изградба на паркот кој првично е финансиран со средства од буџетот на Владата преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион. Изградбата на паметниот парк во т.н. стар градски парк во Куманово почна во март годинава. Со одлука на Влада од буџетот на РСМ одвоени се средства за изградба на Смарт парк, проектот се имплементира преку североисточен регион. По распишаната јавна постапка за најповолен изведувач избрана е фирмата „Кооп инжененринг“ со која е склучен договор во висина од 11.226.061 денари. Договорот е склучен на 2 март годинава и има важност до септември, годинава.

Општината предвиде дополнителни средства поради одредени пропусти во тендерската документација, појаснија на последната седница на советот надлежните од комунални дејности.

– Поради одредени пропусти во тендерската документација од страна на општината предвидени се дополнителни финансиски средства преку измена и дополна на програмата за уредување на градежно земјиште и одржување на комунална инфраструктура. Измената е изгласана од ваша страна и отпочната е тендерска документација. Проценетата вредност на дополнителни средства е 2.300.000 денари. Средствата се однесуваат за набавка на ивичници, бекатон и шахти., појаснија на последната седница надлежните од комунални дејности.

Изградбата на Смарт парк се спроведува преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ со кој се предвидени повеќе активности. Во паркот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица ќе има нов простор за спорт и рекреација, нови пешачки патеки, нови Смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, парк за миленици и други содржини.